Koвид ги извaди на површина структурните слaбоcти на македонската економија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Корона кризата изминатите 10 месеци предизвика сериозни последици врз македонското стопанство, но ги извади на површина и долгогодишните структурни слабости на македонската економија, оцени денеска Стопанската комора на Македонија.

На прес-конференцијата од велешки „БРАКО“ беше упатена пораката дека е време, преку разговори на сите засегнати страни, да се дефинираат системски, долгорочни решенија.

– Неспорно е дека изминатите 10 месеци поставија сериозни предизвици пред македонските компании, а истовремено неспорно е и дека состојбата во која во моментов се наоѓа македонската економија е тешка, но не е драматична како што се стравуваше во почетната фаза на пандемијата. Различни сектори и дејности беа различно погодени и сѐ уште се под влијание на здравствените и на економските последици од пандемијата. Особено во првите месеци состојбата предизвикана од пандемијата отвори повеќе прашања кои го отежнаа работењето на компаниите (вклучувајќи ги целосните забрани за вршење на дејноста на определени сектори и дејности; проблемите за одржување на коридорите за снабдување со суровини и со репроматеријали, но и за извоз на готовите производи; намалениот обем на нарачки од европските партнери, но и проблемот со одржувањето на ликвидноста на компаниите), рече Татјана Штерјова Душковска, директор на Дирекцијата на здруженија и регионални комори во Стопанската комора.

Таа се осврна на работниот материјал „Македонската економија во тековниот период и во периодот на постковид 19“ кој ги сублимира констатациите, предлозите и видувањата во бизнисот.

-Од денеска почнува процесот на консултации со сите компании, членки на Комората. Во идните недели ги повикуваме да ги доставуваат своите ставови, размислувања и предлози во врска со насоките на дејствување и со приоритетните развојни прашања, нагласи Штерјова-Душковска.

Таа потенцира и дека во КОВИД периодот радува фактот што има домашни компании кои не ги намалија инвестициските активности и континуираните вложувања во истражувања и развој, како што е „Брако“.

Кочо Анѓушев од „БРАКО“ рече дека како држава која не располага со големи природни ресурси, мора да се потпреме на индустријализацијата, технологијата и на човечкиот кадар.

-Индустријализацијата беше запрена во изминатиот период и токму сега е вистинското време да се насочиме кон неа, посочи Анѓушев.

„Брако“, и покрај пандемијата, не застана со активностите, туку го зголеми бројот на вработени, ги задржа производствените капацитети и работи на дополнителни инвестиции во износ од осум милиони евра, кои ќе се реализираат во наредниот период. Се очекува годинава да ја заврши со позитивни резултати.

-Токму овој период компанијата го искористи за развој на нови производи и за примена на иновативни проекти, како што е првото хидрогенско, целосно еколошко возило за чистење улици, кое претставува континуитет на веќе започнатите проекти, кои опфаќаат и електрични возила за чистење улици, со што гамата на возила се зголемува на вкупно 9, претставувајќи директна конкуренција за светските производители на возила наменети за чистење, рече Анѓушев. (МИА)

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This