Koвид пaндeмиjaтa гo згoлeми интepecoт зa дoмaшнитe тypиcтички цeнтpи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ковид пандемијата годинава ги натера македонските граѓани да се свртат кон домашните зимски туристички центри. Поради ограниченоста да се патува без ПЦР тест надвор од државата, атрактивни се туристичките капацитети во Маврово, Попова Шапка, Берово и Крушево. За разлика од минатото, годинава особено атрактивна е Попова Шапка бидејќи таму има снег, а работи и ски центарот.

Туристичките агенции, кои беа први на удар од ковид кризата и кои се уште чувствуваат сериозни последици од неа, велат дека има интерес за патување во домашните рекреативни центри и во туристичките места во земјава, додека патувањата во Банско и Боровец во соседна Бугарија, кои со години наназад беа топ дестинација за зимување, сега се намалени поради задолжителниот ПЦР тест. Има граѓани кои сакаат да патуваат и на Копаоник и Златибор, но сепак, нивниот број е минимален.

– Интересот и интензитетот на патувања секако е слаб ако се спореди со минатите години пред се поради ограничувањето во дестинациите на кои може да се патува. Изборот за патување е лимитиран. За соседна Бугарија е потребен ПЦР тест и во ЕУ е тешко достапно да се патува. Во таа смисла во моментот без задолжителен ПЦР тест, македонските граѓани може да патуваат во земјава, во Албанија и во Србија, велат од „Савана“ која е една од туристичките агенции што ги контактираше МИА.

Туристичките агенции се едногласни дека патувањата надвор од земјава се значително намалени во споредба со минатите години пред се поради лимитираната понуда и неизвесната ковид ситуација која секојдневно се менува. Така, поради најавите за задолжителен ПЦР тест во Турција сега и таму патувањата стануваат дискутабилни.

Цените во зимските туристички центри годинава се релативно исти како и за секоја претходна зимска сезона. Нема никакви промени бидејќи, како што велат агенциите, драстични намалувања на цените се економски неиздржливи за нив во оваа и така сериозна ситуација во која се наоѓаат.

– Нема промени во цените со цел привлекување на туристи. Најверојатно заради тоа што туристичкиот сектор и целата оваа индустрија се соочуваше и се уште се соочува со сериозни предизвици да се издржи овој период. Во таа смисла не може да се издржат некакви драстични намалувања на цените затоа што економски се неиздржливи за сите туристички чинители, велат туристичките агенции.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This