дома КОВИД-19 (Коронавирус) Koвид пaндeмиjaтa гo згoлeми ceмejнoтo нacилcтвo..

Koвид пaндeмиjaтa гo згoлeми ceмejнoтo нacилcтвo..

Ковид пандемијата придонесе за зголемување на семејното насилство. Според Бети Пеева, од граѓанската организација, која се занимава со оваа проблематика, тоа беше и за очекување затоа што порасна бројот на психичките заболувања, а според анализите, состојбата допрва ќе се влошува.

-Оние кои биле насилни, сега ќе станат уште понасилни, а дури и ќе се случи, некој што воопшто претходно немале такви проблеми, да почнат да стануваат насилни – изјави за Сител Бети Пеева, НВО „ЕХО“- Штип. 

Една од главните причини за зголемување на насилството е економскиот фактор, односно голем број на луѓе останаа без работа. Конкретно во Штип, засега успешно се менаџира ситуацијата, благодарение на воспоставениот систем кој го чинат мулти секторски тимови.

-Иако имавме зголемен обем на работа и моравме во живо да работиме со жртвите, зашто не се работи он лајн, координацијата многу помогна да навреме ги разрешиме овие случаи. Се надевам дека и во другите општини ќе започне да се применува таков модел, но за сега тоа зависи колку се заинтересирани тоа да им го пренесеме како знаење и колку сакаат да функционира – додаде Пеева.

Пандемијата го одложи донесувањето на многу важни Закони за заштита на жените од семејно и друг вид на насилство. Бројот на пријавени случаи во 2020 година во Штип бил зголемен за близу 40%.  Во главно пријавувале жени, а само еден маж пријавил насилство, но не од жена, туку од друг маж.