дома Свет Koвид пpoпycниците не пomoгнале: Илјада заболени на фестивал во Холандија кој го...

Koвид пpoпycниците не пomoгнале: Илјада заболени на фестивал во Холандија кој го посетиле само вakцинирани, прележани и нeгaтивни на Koвид 19

Picture of rock concert, music festival, New Year eve celebration, party in nightclub, dance floor, disco club, many people standing with raised hands up and clapping, happiness and night life concept

Фестивалот за електронска музика Веркнипт во Утрехт, Холандија, според австрискиот Шпигел, стана жариште на коронавирусот, иако можеа да влезат само оние со Kовид сертификат.

Услов за влез на фестивалот, кој се одржа на првиот викенд во јули, беше, вакцинација, негативен тест или прележан коронавирус. Сепак, скоро илјада гости таму биле заразени со коронавирус, а тој број има тенденција да расте, пишува Шпигел.

Настанот привлекуваше 10.000 луѓе на ден, така што сепак е релативно мал процент од вкупниот број посетители.

Според локалната здравствена служба, на првиот ден од фестивалот, 3 јули, биле заразени 448 посетители. На вториот ден, наводно, биле регистрирани 516 случаи со корона. Портпаролката на , Лидија ван дер Меер очекува дека бројот на инфекции може да продолжи да расте во наредните денови.

„Но, се надеваме дека сега сме на врвот“, изјави таа за медиумите.

Според здравствените власти, организаторите на фестивалот се придржувале на мерките, што е дополнително загрижувачко бидејќи покажува дека тие навистина не го запираат ширењето на вирусот, пишува Шпигел.

Холандскиот премиер се извини за олеснувањето на мерките, клубовите се затвораат, фестивалите нема да се одржуваатт.

Во последниве денови, бројот на новоинфицирани за 24 часа се движеше околу 8000.

Сепак, тешко дека заразените ќе имаат потешка форма на ковида-19, така што бројот на пациенти во болниците е стабилен.

Седумдневната инциденца минатата недела беше околу 270 новоинфицирани на 100.000 жители, додека во Германија во моментов е само 6,5.

Остриот пораст на заразата ја поттикна владата во петокот да се откаже од олеснување на некои мерки.

Дискотеките и ноќните клубови повторно се затвораат, додека фестивалите повеќе нема да се одржуваат, а една од причините е фестивалот Веркнипт, кој се смета за големо жариште.