дома Македонија Koзлова пак „пpoлyпа“: 3гpoзеноста од почecниот доктopaт за Axмети е aлбaнофобиja

Koзлова пак „пpoлyпа“: 3гpoзеноста од почecниот доктopaт за Axмети е aлбaнофобиja

Катерина Колозова, извршна директорка на Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје, негодува поради негативните реакции во македонската јавност за титулата почесен доктор за лидерот на ДУИ, Али Ахмети, што му ја додели државниот Тетовски универзитет.

„Почесен доктор не е академски степен, не ти овозможува академска титула, и е чисто симболичен гест. Оваа сеопшта ‘згрозеност’ ја припишувам на албанофобија“, објави Колозова на Фејсбук.

„Јас можам да мислам што сакам, но тој е вреднуван како историска личност во албанската заедница. Што се однесува до мене – таа војна беше комплетно излишна, ДПА си ја вршеа истата агенда и без војна. Не само злосторствата – војната беше излишна. И за тоа не би му дала никаква почест. Но, да се навредува Тетовски дека ‘на лепе очи’ му дал докторат во буквална смисла на зборот – е, тоа е албанофобија“, уверува таа.