Koлкy e eфикacнa вakцинaтa „Спyтник B“ co кoja ќe ce вakциниpaaт мaкeдoнcкитe гpaѓaни?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во земјава вчера пристигнаа 20 илјади дози на руската вакцина „Спутник В“, донација од соседна Србија.

Со донацијата од Србија ќе се вакцинираат вработени во Министерството за внатрешни работи, АРМ, новинари вработени во медиуми, вработени во обвинителство и судови, возачите на автобуси во ЈСП „Скопје“, пожарникарите, вработените воспитувачки во градинките и вработените на патарините.

Каков тип на вакцина е „Спутник В“?

Според информациите кои се споделени на страната kovid19vakcinacija.mk руската вакцина e 91,6% ефикасна.

– Тип на вакцина: аденовирус како вектор кои носи гени за С протеинот на САРС-Ков2 вирусот.

– Препорачана на возраст над 18 годиниПотребни се 2 дози, втората доза 21 ден по првата доза.

– Се дава мускулно во рамото.

– Ефикасност: Ефикасноста на Спутник В наспроти КОВИД-19 е пријавена на 91,6%. Бројката се заснова на анализа на податоците на 19.866 волонтери, кои примиле и прва и втора доза на вакцината Спутник В.

– Безбедност: Клиничките студии покажаа висока ефикаснот од 92% превенција од САРС-Ков2 инфекција. Исто така, се смета дека е безбедна – и нуди целосна заштита од хоспитализација и смрт.

– Најчести несакани ефекти: Некои несакани ефекти од вакцината се очекувани, но тие се обично лесни, вклучувајќи болка во раката, замор и покачена телесна температура.

Македонија е 59. земја во која е регистрирана оваа вакцина, вклучувајќи и неколку земји членки на Европската Унија и покрај тоа што истата моментално чека на одобрување од Европска агенција за лекови (ЕМА).

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This