Koлумна на Трифун Костовски: „Микpocaм Пpилeп“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Денеска сакам да ја споделам со вас радоста која што ја почувствував, гледајќи ја документарната емисија за зачетокот и развојот на фирмата Микросам што претставува еден уникатен пример во македонската реалност од 90-те години наваму. Микросам е пример на кој сите ние треба да се угледаме.

Го поздравувам пристапот на ТВ Канал5, за правење на оваа документарна емисија, посветена на Микросам, Прилеп  со која ние обичните граѓани ќе можеме да се запознаеме со реалните достигнувања во технолошкиот развој и воопшто ни дава нова димензија каде што Македонија треба да се развива.

Можноста да го познавам професорот Благоја Самакоски, еден од ко-сопствениците на оваа компанија, ме направи уште посреќен, бидејќи уште во тие времиња, додека ја вршеше функцијата на Заменик Генерален и Генерален Директор на 11 Октомври Прилеп, фабрика која работеше многу суптилни елементи за тогашната воена индустрија во СФРЈ, а беше лоцирана во Прилеп поради сировинската база на литиум која се наоѓа во Мариовскиот крај на Република Македонија, тој покажа исклучителна експертиза и организациони вештини. Благоја Самакоски, врвен и иновативен инженер, ги покажа своите способности уште во времето кога беше на челото на фабриката 11 Октомври, каде што се стекна со огромно искуство, кое му беше отскочна даска во натамошниот негов развој за формирањето на сопствената фирма Микросам. Технолошки напредна компанија со иновативен и флексибилен пристап кон коминтентите ја направи оваа мала фабрика во производството на опрема со композитни  материјали да стане една од најуспешните во светот. Со игра на случајности јас бев вклучен во некои стратешки сегменти кои беа клучни за опстојувањето на оваа фирма, бидејќи големите светски играчи кои се занимаваа со овој вид на технологија не можеа да разберат дека една мала фирма од Македонија може да биде конкурентна на светско ниво. Водечките фирми во светот на ова поле кои секако се во развиениот европски и американски континент настојуваа да го елиминираат Микросам преку своите амбасади во Република Македонија и преку политичките послушници кои не веруваа дека Господинот Благоја Самакоски со својот тим на инженери ќе направи толку големо чудо во светски рамки.

Патот за етаблирање на светскиот пазар на оваа фирма, беше многу тежок, испреплетен со политички и непримерни начини на дисквалификација.

Микросам опстои, бев сведок на непримерниот начина на тогашниот Амбасадор на САД, Амбасадорот Батлер, кој по секоја цена сакаше да го уништи овој субјект и ја имаше целата политичка поддршка од Република Македонија за згаснување на оваа фирма. Се спротиставив на ваквиот став, бидејќи го познавав Благоја Самакоски и верував посебно во неговиот интелект, знаење, доблесност – едноставно знаев дека има бескраен иноваторски дар.

За ваквиот мој став добив одредени критики од ICG –Меѓународната Кризна Група и Советот на надворешни работи на САД каде бев челн, за мое наводно поддржување на тероризам, бидејќи испорачаните машини од Микросам можеа да се користат и за воени цели. Објаснувањата беа неаргументирани и мојот одговор на Амбасадорот Батлер беше дека Господинот Самакоски не е виновен што работел во воената индустрија на бившата СФРЈ и што поседува во себе огромен иновативен потенцијал, а како аргумент го наведов фактот дека неговите деца студираат во Америка и дека во секој момент Господинот Самакоски е достапен за разговор, секако конструктивен, бидејќи јас како таков го познавам.

Денес Микросам е вивнат со водечките фирми во светот за производство на композитни материјали кои се употребуваат во таканаречените најсуптилни гранки, а тоа е авионската индустрија и ракетната индустрија. Воедно, Микросам вработува преку стотина инженери и е една прекрасна приказна за самиот Прилеп и за цела Македонија.

Прилеп, градот под Марковите кули чии жители ги идентификуваме со производството на ориентален тутун и прекрасниот меремр сивец, денес покажа нова идентификација на полето на највисоката технологија.

Почитувани пријатели, Микросам успеа, бидејќи го имаше Благоја Самакоски на негово чело, трпелив, наоружан со знаење и искуство стекнато од бившата СФРЈ и имплементирано во производство, како што и самиот Благоја умее да каже, на технологијата на 21 -век.

Овој мал пример покажува дека не ни недостасуваат интелигентни, искусни луѓе, особено во креирањето на севкупниот економски развој на Република Македонија.

Примерот на Микросам нека им послужи како пример на сите граѓани на Република Македонија како аргумент дека ако се сака, ако се знае, се има искуство и секако посветеност, тогаш успехот е реално остварлив. Примерот на Микросам покажува димензија дека во Македонија може да се развијат и други гранки покрај земјоделството и сточарството, кои во Македонија ќе имаат посебно место и препознатливост. Патриотизмот на Господинот Благоја Самакоски импонира, бидејќи после неговото успешно искачување на врвот во технологијата со композитни материјали на светско ниво му беше понудено да ја дислоцира фабриката во земјите со длабоко посериозен пристап во оваа технологија, меѓутоа неговиот одговор беше дека Микросам е Македонска фирма, и дека затоа ќе работи во Македонија. И сведоци сме денес дека Микросам стана бренд за препознатливост на Македонија во светот каде што ваквите технологии се применуваат во вкупно 4 земји, САД, Шпанија, Франција и Македонија.

Истовремено Микросам е полигон со сопствена академија за едукација на луѓето кои се определиле да работат во оваа сфера. Импонира фактот што сите инженери во оваа мала но силна фабрика се граѓани на Република Македонија.

Благодарам Самак, ја враќаш надежта во нашава држава дека умееме и можеме да се справиме во сите полиња и да го делиме современиот свет на научно, технолошко, културолошко и социолшко поле.

Мои пријатели ве молам почитувајте ги и никогаш не ги заборавјте ваквите примери. Ваквите примери значат перспектива за Македонија.

Сакам да ја покренам иницијативата за доделување на највисокo признание на Господинот Професор Благоја Самакоски за посебни технолошки достигнувања и афирмација на Република Македонија . За формата на ова признание нека размислат институциите Претседател на Република Македонија и Премиер на Влада на Република Македонија.

Останете ми со здравје.

Пишува, Трифун Костовски.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This