Koмaндиpoт нa тeтoвските пoжapникapи: Дaдoвмe cè oд ceбe дa извaдимe штo пoвeќe лyѓe

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пламените јазици беа толку големи, пожарот можеше да фати и друг објект. Тогаш штета би била уште поголема. Дадовме сè од себе, го дадовме максимумот само пламените јазици да не се прошират и да можеме да извадиме што повеќе луѓе, сведочи командирот на тетовските пожарникари, Ука Алити, за синоќешната битка со пожарот во модуларната болница во ковид-центарот во Тетово, пренесува 360 Степени.

„Во тие моменти не видовме и не мислевме дали вадиме живи или мртви, колку што можевме извадивме, но треба да нагласам дека и многу од граѓани и од лекарите ни дадоа голема помош за да ги евакуираме луѓето кои беа во модуларниот центар“, вели Алити.

Пожарот кај нив бил пријавен во 21:02 часот. Голем број граѓани се јавиле да пријават, а командирот вели дека веднаш излегле на терен со три противпожарни возила и 16 пожарникари.

„Само еден пожарникар останал да прима повици, сите други излегле на лице место, стигнале многу бргу и почнале да интервенираат. Првата интервенција со две противпожарни возила, била од внатрешната страна на медицинскиот центар. После се видело дека треба да се интервенира и од другата страна, од страна на реката, со едно противпожарно возило и една екипа бидејќи тука требаше да се гаси пожарот, но истовремено и да се направи евакуација на луѓето или болните што лежеле тука“, вели Алити.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This