дома Социјални Мрежи Koтлар: Предвидуваме нови мини паркови за миленици, ќе организираме денови на вдомување...

Koтлар: Предвидуваме нови мини паркови за миленици, ќе организираме денови на вдомување на животните

За миленичињата на нашите центарци предвидуваме нови мини паркови каде ќе можат да ги прошетаат. Дополнително ќе субвенционираме кастрација, стерилизација и микрочип во вредност од 50% од вкупните трошоци, стои во Фејсбук статусот на кандидатот за градоначалник за општина Центар на ВМРО-ДПМНЕ, Наташа Котлар.

Таа напиша дека ќе воспостави соработка со ветеринари на принцип на ваучер, ќе ја зголеми соработката со Здруженијата кои се занимаваат со заштита на животните и дека ќе организира денови на вдомување на животните.

– За Центар со душа, додава Котлар во својата Фејсбук објава.