дома Македонија Koj e човекот кој ќе го замени Филипче

Koj e човекот кој ќе го замени Филипче

Веќе подолг период, уште откако почнаа преговорите во јавноста најчесто се врти името на Бeким Сали, како наследник на актуелниот министер за здравство Венко Филипче.

Но, кој е Баким Сали, чие име и не е толку познато?

Според информациите на „Фокус“, тој е генерален секретар на Алтернатива и во политичките води влегол пред пет, шест години.

Тој по професија е стоматолoг и има своја приватна ординација и бизнис со текстил. Сали е оженет и татко на три девојчиња.

Тој за време на локалните избори влезе во трка за градоначалник на скопската општина Чаир, како заеднички кандидат на Алтернатива и Алијанса за албанците на Зијадин Села.

Тоа што е уште помалку познато, а го тврдат нашите извори е дека Сали во 2008 година бил шеф на кабинет на тогашниот министер за здравство Бујар Османи, во времето кога ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ беа коалициони партнери.

Лидерот на СДСМ, Заев и лидерот на Алтернатива, Гаши вчера и официјално го потпишаа влегувањето на Алтернатива во Влада. Како што кажа Заев, тие се согласиле партијата да биде дел од владата до 2024 година, а може и понатаму, односно додека не се случат редовните парламентарни избори.

Извор: Фокус