дома Европа Kokaин вреден околу 225 милиони евра зaплeнeт во Холандија

Kokaин вреден околу 225 милиони евра зaплeнeт во Холандија

Холандските цариници заплениле три тони кокаин, скриен во буриња со пире од банани, соопштија денеска властите. Ова е еден од најголемите удари против трговијата со дрога во Европа.

Дрогата се наоѓала во контејнер, испратен од Еквадор и наменет за Базел, Швајцарија. Пратката е пронајдена на пристаништето во Ротердам за време на рутинска проверка.

„Кокаинот, кој чини околу 225 милиони евра на црниот пазар, е еден од најголемите удари против нарко мафијата во огромното пристаниште. Дрогата е уништена“ се наведува во соопштението на обвинителството.

Холандија стана главен канал за наркотици, особено на кокаин, кон Европа, главно преку Ротердам, најголемото европско пристаниште.

Холандските власти соопштија дека тие и меѓународните полициски сили оваа година заплениле 50 тони кокаин, кој минувал низ Холандија