дома Локално Kopиcницитe oд oвaa yлицa вo Киceлa Вoдa yтpe бeз вoдa

Kopиcницитe oд oвaa yлицa вo Киceлa Вoдa yтpe бeз вoдa

Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека поради технички зафати на ул. „Балзакова“, корисниците на утрешниот ден ќе бидат без вода.

Поради поврзување на нова водоводна мрежа Ф80 милиметри на улица „Балзакова“ број 6, во текот на утрешниот ден без вода ќе бидат корисниците од оваа улица во Кисела Вода, информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.

Во соопштението се наведува дека водоснабдувањето ќе биде во прекин од 9 часот, па се до завршување на активностите.