дома КОВИД-19 (Коронавирус) Kopoната се врати во Кина

Kopoната се врати во Кина

Во Кина се потврдени 47 нови случаи на Ковид-19, што е најголем број за повеќе од два месеци, објави националното здравствено тело.

Од новите случаи, 23 биле локални инфекции, додека другите биле т.н. увезени инфекции со потекло од странство.

Вкупниот број на потврдени случаи на Ковид-19 во Кина сега е 85.915, додека бројот на смртни случаи остана непроменет, 4.634.