дома Занимливости Kopoната е вештачка, се штитам од неа со мopckа coл и оцет

Kopoната е вештачка, се штитам од неа со мopckа coл и оцет

Благица Павловска тврди дека коронавирусот е вештачка, измислена болест, и вели дека не се плаши оти ќе зарази поради нејзиниот силен имунитет. Со фолк-ѕвездата муабетевме зад сцената на Долни Сарај во Охрид. Благица беше една од учесничките на 27. издание на фестивалот „Охрид фест“, пишува Женски Магазин, во интервјуто со Благица.

Пејачката вели дека таа е отпорна на сите вуруси, затоа што нејзиниот организам создал имунитет.

„Да не даде Господ овој вирус да дојде до било кој од нас, но јас сметам дека мојот организам е борец“, додава Павловска која пред неколку години на своето презиме го додате и Хаџи. Таа смета дека од сите лоши нешта ја штити и нејзината верба и религиозност.

„Оној кој вистински верува во севишниот Бог, никогаш нема да има проблеми. Ќе ви кажам еден пример. Пред да се затворат границите, јас бев на Флорида, од Флорида бев во Торонто и од таму ми избега авионот. Јас тоа вака си го сфаќам. Мора да има причина зошто требало да се случи, зошто требало да го пропуштам авионот, за да не биде онака како што можеби требало да биде. Можеби во тој авион имало некој заразен со вирусот. За кратко време, короната зема голем замав. Нема да коментираам воопшто за таа болест, затоа што знам дека е вештачки наметната, не верувам дека по природен пат се развил таков вирус. Не верувам едноставно, не сакам да му верувам на нештото“, објасни Благица.

Кога ќе се сретнеш со Бог како што се сретнав јас, тогаш ќе ја осознаеш вистнската љубов. Сите други работи само нè прават поагресивни“, вели Благица.

Целото интервју на женски магазин