дома КОВИД-19 (Коронавирус) Kopoнaвиpycoт кocи вo Бразил: Peкopдeн бpoj нa нoвoзapaзeни вo пocлeднитe 24 чaca

Kopoнaвиpycoт кocи вo Бразил: Peкopдeн бpoj нa нoвoзapaзeни вo пocлeднитe 24 чaca

Во изминатите 24 часа, Бразил регистрираше најмногу новозаразени со коронавирусот во последните два месеци.

Бразилското Министерство за здравство објави дека се потврдени нови 80.508 случаи на Ковид-19, што е најголемо дневно зголемување на бројот на пациенти од 7 јануари, според Си-Ен-Ен.

Уште 1.086 лица починаа, а од почетокот на пандемијата во Бразил, вкупниот број на заразени е 11.019.344, додека повеќе од 265.000 луѓе починаа.

Минатата недела земјата забележа најголем број смртни случаи од коронавирусот за еден ден, бидејќи во средата беа регистрирани 1.910 смртни случаи.

Единиците за интензивна нега во болниците низ целата земја се близу или веќе ги исполнија своите капацитети, а најголемата бразилска држава Сао Паоло во саботата на полноќ влезе во двонеделно заклучување, а сите компании, освен основните, нема да работат во тој период.