дома КОВИД-19 (Коронавирус) Kopoнaтa pyши нecлaвни peкopди во Индија: Haд 4 илјади лицa пoчинaa, peгиcтpиpaни...

Kopoнaтa pyши нecлaвни peкopди во Индија: Haд 4 илјади лицa пoчинaa, peгиcтpиpaни пoвeќe oд 400 илјади нoвoзapaзeни..

Во Индија за еден ден починаа рекордни 4.187 луѓе, а државата регистираше над 400 илјади новозаразени од ковид-19, покажуваат официјалните податоци од здравствените власти.

Досега во Индија од ковид-19 починаа 238.270. Вкупно заразени досега се речиси 22 милиони, а денеска се регистрирани 401.078 нови случаи, што е трет ден по ред со над 400.000 нови случаи.

Здравствениот систем е на работ на колапс во јужна и источна Индија, каде што има досега невиден раст на нови случаи.

Индија е второ место во светот по бројот на заразени, зад САД со 32,6 милиони случаи, додека по смртноста е на трето место, зад САД и Бразил, кои имаат над 400.000 починати.