дома КОВИД-19 (Коронавирус) KopoHaвирус во ПСЖ, 3apa3eH Xakими

KopoHaвирус во ПСЖ, 3apa3eH Xakими

Коронавирус во ПСЖ, заразен Хакими

АШРАФ Хакими е во изолација откако неговите тестови за коронавирус беа позитивни.
Мароканскиот дефанзивец дури неодамна пристигна во Париз Сен Жермен во трансфер вреден 60 милиони евра (повеќе од 70 со бонуси), во средата го одигра својот прв пријателски натпревар за новиот тим и асистираше за победа од 4:0 против Ле Ман.

Инаку, Хакими веќе еднаш беше позитивен на тест. Тоа се случи пред натпреварот против Борсија Дортмунд во октомври минатата година кога играше за Интер. Тој беше тестиран следниот ден и беше негативен.

Случајот на Хакими не е единствениот моментален во ПСЖ. Позитивен резултат од тестот доби и 18-годишниот играч за врска, Едуард Мичут.