дома Македонија KOPOHA ПРИСТИГНА ВО МАКЕДОНИЈА: Мерки низ училиштата, но нема сапуни

KOPOHA ПРИСТИГНА ВО МАКЕДОНИЈА: Мерки низ училиштата, но нема сапуни

По препорака на Владата и Министерството за здравство во многу училишта во земјава денес се одржаа едукативни часови за заштита од коронавируотс. Иако не сакаа да зборуваат пред камерите, наставниците истакнаа дека наставата била посветена на личната хигиена на учениците, но и на самото училиштето. Од Центарот за јавно здравје соопштуваат дека не можат да одржат предавања во сите училишта, па затоа се доставува информативен материјал. Една од најважните превентивни мерки е миењето на рацете и заштитата при кивање и кашлање.

И покрај наставните часови, загрижувачки останува фактот дека многу основни училишта во земјава имаат лоши тоалети без основни хигиенски услови. По неколку последователни извештаи за недостиг на сапуни и средства за дезинфекција, во многу училишта сега е забрането да се снимаат тоалетите.

Граѓаните пак, имаат забелешки и за хигиената во училишните дворови. Според нив, многу училишни агли се претворени во „диви“ јавни тоалети.

Министерството за здравство соопшти дека до следниот понеделник сите училишта во земјава ќе бидат снабдени со хигиенски и дезинфекциски средства.