April 20, 2024, 11:07 am

Koвид + XИB = Oмикpoн?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Германски имунолог, вели дека изненадувачки e голем бројот на мутации кај новиот вид на коронавирус наречен омикрон, што укажува дека тој потекнува од пациенти со заразени со ХИВ вирусот.

Исто така, покрај пациентите кои го носат вирусот ХИВ, омикрон може да дојде и од луѓе кои страдаат од други форми на имунодефициенција, изјави имунологот на германското здружение на имунолозите, Карстен Вацл. Тој смета дека таквата претпоставка е веројатна, што ја поткрепи со слични истражувачки резултати откриени во други случаи.

Тој објаснува дека ХИВ е вирус на човечка имунодефициенција, кој предизвикува уништување на имунолошкиот систем и доведува до појава на разни болести. Недостаток на имунолошкиот систем е слабост и неспособност на одбранбениот систем на телото да се бори со разни болести. Вацл додава дека кај луѓе со ослабен имунолошки систем, вирусот може да се реплицира во текот на неколку недели и на тој начин да има поголем простор за создавање на нови мутации на коронавирусот.

Новиот сој на коронавирус, наречен омикрон, првпат беше идентификуван од јужноафрикански научници, но не е сигурно дека првпат се појавил во Јужна Африка која е држава со висока стапка на заразеност од ХИВ вирусот.

Засега е регистриран во Белгија, Боцвана, Хонг Конг и Израел. Тој засега не е евидентиран во Соединетите Американски Држави, објавија американските Центри за превенција и контрола на болести (ЦДЦ).

Се верува дека омикрон, познат како Б.1.1.529, е многу позаразен од другите варијанти на коронавирус.

Супермутантот има мутации на високо инфективен вид делта, што ја направи оваа варијанта толку пренослива што стана доминантна во светот за неколку месеци. Но, новата варијанта вклучува и промени отпорни на вакцини забележани кај бета – уште еден загрижувачки вид што се појави во Јужна Африка и досега се сметаше за најдобар во избегнувањето на имунолошкиот одговор.

Содржи и мутација која помогна алфа варијантата да се шири со молскавична брзина во Велика Британија минатата зима. Севкупно, новиот супер вид има 32 мутации на својот протеин, повеќе од која било варијанта пред него и двојно повеќе од делтата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This