February 6, 2023, 4:46 am

Kpиминална група ykpaла 12 милиони евра од француските мерки за помош за невработени преку фиктивни компании

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Француската и израелската полиција уапсиле на 16 јуни членови на организирана криминална група што извршила серија измами од двете страни на Медитеранот.

Уапсени се вкупно шест лица кои биле во различни делови на Франција.

Властите велат дека групата основала 3.600 измислени компании и ја измамила државата за 12 милиони евра надоместоци за невработеност платени за време на пандемијата, објави Европол.

Главниот осомничен, 30-годишен француско-израелски државјанин и неговата сопруга биле уапсени во Реплонгес во близина на границата со Швајцарија, кога се обиделе да избегаат во Женева, од каде потоа планирале да летаат за Тел Авив.

Еден час подоцна, полицијата извршила рација во неколку адреси низ Париз и уапсила други членови на групата. Притоа, таа пронашла голема количина на готовина (1.765.630 евра и 3.420 долари) што биле сокриени на приватен паркинг и биле во водоотпорни вреќи. На истото место е пронајдена и торба со три луксузни часовници во вредност од 230.000 евра и накит во вредност од 30.000 евра.

Француските власти извлекле и повеќе од 6,2 милиони евра од банкарските сметки во сопственост на криминалната група.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This