Kpвaвa драма во Босна: Маж yбил деветгодишно дете, па со зaложник се забapикадирал во куќа и фрлал бomби кон полицијата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Крвава драма се случува вечерва во село во близина на босанското гратче Фоча, каде човек, кој според медиумите е душевно болен, убил деветгодишно дете, по што зел заложник во селото и се забарикадирал во куќа, од каде пука и фрла бомби кон полицијата.

Според извештаите, осомничениот, чии иницијали се Б.Т., со истрели од огнено оружје го убил детето во автомобил на патот кон селото Заваит, по што се сокрил во селото Челебиќи. Двете села се блокирани од полицијата, која трагала по убиецот, пред да го опколи во една куќа, каде тој наводно држи како заложник повозрасен жител на Челебиќи.

Според извори од полицијата, осомничениот пукал кон полицајците и фрлил неколку бомби кон нив.

Околу 50 полицајци се распоредени во реонот, а блокиран е и блискиот патен правец кој Пљевља, пишуваат босанските медиуми.

#вести #регион #убиство

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This