ОВР Дебар поднесе кривична пријава против Ф.Р.(33) од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“ и „бесправно градење“.
Пријавениот, во текот на 2019 година, узурпирал површина покрај Дебарското Езеро, сопственост на Република Македонија, со вкупна површина од 129м2.
Hа неа бесправно изградил објект за домување од втора категорија, со што го оштетил буџетот во износ од 255.420 денари.