March 28, 2024, 12:04 pm

Kpивичнa пpиjaвa зa нaпaѓaчитe нa coпcтвeник нa кaфe бap вo Дeбap

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Три лица еден косовски и двајца македонски државјани заработија кривични пријави под сомнение за убиство во обид и помагање на сторителот, за инцидентот што на 30 декември се случи во кафе бар во центарот на Дебар.

„Одделението за внатрешни работи во Дебар поднесе кривична пријава против В.К. (48), државјанин на Косово, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело ,убиство во обид’ како и за ,помагање на сторител по извршено кривично дело’ против А.С.(40) од Дебар и У.Д.(69) од тетовското село Јажинце“, информира Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид.

Тој рече дека на 30 декември 2020 во 9.45 часот, првопријавениот, влегол во угостителски објект на улицата „Братство единство” во Дебар и со остар предмет го нападнал Б.П.(48) од Дебар, а потоа избегал со возило обезбедено од второ и третопријавениот.

Истиот ден во 17.30 часот на граничниот премин „Јажинце”, по извршена проверка, во врска со сторено кривично дело „убиство во обид” по член 123 во врска со член 19 од Кривичниот законик од слобода беа лишени А.С.(40) од Дебар, со место на живеење во Република Косово и У.Д.(69) од с. Јажинце, тетовско.

На сопственикот на кафе барот, Б.П. како што потврдија од Општата болница со проширена дејност му биле нанесени убодни рани со нож и тоа убодна отворена рана на вратот од левата страна, убодна рана на десната страна на градниот кош и помала исеченица на десната рака.

По дадената прва медицинска помош повредениот бил транспортиран во Клинички центар во Скопје и тој се чувствува добро.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This