дома Актуелно Kpизна состојба во Македонија до крајот на годината

Kpизна состојба во Македонија до крајот на годината

На предлог на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи, на денешната седница Владата ја утврди Предлог-одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на територијата на Република Македонија, со која се предлага на Собранието на Република Македонија да одобри продолжување на рокот за постоење на кризна состојба до 31 декември 2021 година и донесе заклучок оваа предлог одлука да ја достави до Собранието.