Kpими koaлициjaтa Заев-Мијалков е винoвнa зa kopyпциjaтa вo кoja тoнeмe и 111 мecтo нa лиcтaтa нa Тpaнcпapeнcи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Само силната реакција на јавноста спречи да се реализира договор Заев – Мијалков, за бегство на Мијалков од правдата.

Планот кој не им успеа првично сега сакаат да го спроведат за два месеци од сега. Излегува ли Мијалков од притвор за два месеци? Тоа ли е договорот за негово враќање во Македонија?

Случајот “Таргет-тврдина” само потврди дека во Македонија владее хибриден режим и државата е до гуша во корупција и криминал. Нема правда и правичност, туку во земјата се случуваат политички пазарења и пресуди. И сето тоа е по наредба која доаѓа од еден центар, а тоа е Заев и СДСМ.

Државата ја приватизираа Заев и пријателите. Функционира коалицијата на криминалот. Сите заедно, на едно место сплотени ги држи парата, желбата за власт и моќта да контролираат се, а притоа да не одговараат.

Република Македонија не е правна држава, таа е картел на мафијата предводена од Заев. Додека Заев е на чело на СДСМ и на чело на државата нема да има правда, затоа што тој е главен промотор на криминалот. Заради крими коалицијата Заев – Мијалков тонеме во корупција, а на листата на Транспаренси сме на 111 место. – стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This