Kpитичнo во Охрид: Вo охридската бoлницa 104 хocпитaлизиpaни, мeѓy нив гoлeм бpoj млaди, нa yдap и мeдицинcкиoт пepcoнaл

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Од почетокот на епидемијата предизвикана од коронавирусот SARS Cov 2, познат како Ковид 19, во Охрид се заразиле 1255 лица, кои официјално ги евидентирал здравствениот систем, а во моментов активни се 536 слулаи. Бројот на хоспитализирани во градот надмина 100, а речиси половината се со потешки симптоми.

“Во моментов во Општата болница во Охрид хоспитализирани се 104 пациенти, од кои 40 се на кислородна поддршка. Загрижува тоа што меѓу болните голем број се млади, без други заболувања претходно, кај кои болеста се манифестира во најлоша можна форма. Едноставно коронавирусот е како бура која за само неколку часа носи човечки животи.” – вели во изјава за OhridNews директорот на охридсаката билница Д-р Горан Балевски.

Меѓу заразените има и лекари и медицински персонал. Од почетокот на здравствената криза од Ковид заболеле 30 вработени од Општата болница во Охрид.

“И покрај тоа сите оддели во болницата работат без застој.” – додава Д-р Балевски.

Директорот на охридаката болница, инаку специјалист уролог – хирург, вели дека во неговата долгогодишна работа, не се соочил со ваква здравствена криза.

“Ваков удар нашето здравство немало никогаш до сега. Состојбата е исклучително тешка и комплексна. Здравствениот систем е сериозно оптоварен и затоа апелирам до граѓаните да бидат крајно внимателни и да ги почитуваат мерките на заштита, со што ќе се заштитат себеси, а на тој начин ќе ни помогнат и нам.” – истакна Д-р Балевски.

Во моментов во охридската болница се уште има слободни кревети, но доколку бројот на новозаразени и натаму продолжи да расте, ќе бидат активирани и другите болници во градот, рече директорот на Општата болница Охрид, Д-р Горан Балевски.

Само вчера во Охрид беа регистрирани 57 нови случаи на Ковид 19.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This