дома Македонија KPAХ НА ЕКОНОМИЈАТА: Македонската берза пaѓa по француската блokaда за ЕУ

KPAХ НА ЕКОНОМИЈАТА: Македонската берза пaѓa по француската блokaда за ЕУ

Француската блокада и бескрајнта неизвесност дали земјава ќе добие датум за преговори за членство во Европската унија, го „урна“ македонскиот берзански индекс, МБИ 10, пишува порталот Фактор.мк.


Според дневните извештаи од Македонската берза, индексот паѓа токму откако стана јасно дека нашите шанси за Европа воопшто нема да одат така мазно како што претходно се очекуваше.

Информацијата дека Франција ќе постави сопирачка за земјва, со објаснување дека не е убедена во реформите што кај нас се спроведуваат, пристигнаа во четвртокот доцна попладнето, пред граѓаните да заминат да го прославуваат државниот празник.

Со оглед што Берзата во петокот не работеше, ваквото политичко разочарување не можеше да се рефлектира веднаш врз пазарот на капитал.

Но затоа, „студениот туш“ пристигна во понеделникот. Целиот викенд неизвесност и нераѓањето плод на обидите на германската канцеларка Ангела Меркел да го разубеди францускиот претседтел Емануел Макрон во неделата вечерта, како да го струполи МБИ 10 на првиот ден од новата работна недела, па тој во понеделникот отиде надолу за 2,58 проценти.

„Црвениот“ тренд индексот го продолжи и вчера, иако падот беше нешто поблаг. МБИ 10 отиде во минус за 1,22 отсто, со што тој се сведе на нивото од 4.256 поени.

Паѓаа цените на акциите на речиси сите позначајни компании со чии хартии од вредност се тргува на Берзата, некои за помалку, а некои за позначајни проценти.

А ако се набљудува графиконот на берзанскиот индекс, може да се види дека во последните четири месеци, односно од средината на јуни па се досега, тој постојано имал нагорна вредност, иако и во четвртокот доживеа благо намалување во однос на претходниот ден.

Брокерите со кои разговаравме падот на МБИ 10 го поврзуваат исклучиво со неповолниот политички момент.

Шпекулацијата е дека ќе има одредени проблеми, пролонгирања и неизвесност околу датумот за почеток на преговори на нашата држава со Европската унија. И тоа предизвика мала паника на Берзата. Односно, нагло се зголеми понудата на продажната страна, повеќе инвеститори почнаа да продаваат акции, а тоа доведе и до надолна корекција на цените на акциите.

Дилемите за тоа дали од стартот на идната година ќе се воведе или не данок на капиталните добивки немаат никаква врска со берзанскиот индекс. Ова од причина што од брокерската заедница веќе добиваат сигнали дека оданочување на капиталните добивки по стапки од 15 отсто, речиси е извесно дека од идната година нема да има.

–Според сите сигнали што ги добиваме од институциите, очекуваме дека данокот на капитални добивки од стартот на идната година нема да влезе на сила – вели Коста Костадиновски, Илирика.
Брокерите очекуваат дека ако нашата „европска сага“ заврши успешно и земјава, сепак, успее да добие датум до крајот на неделава, тоа ќе се рефлектира многу позитивно и врз пазарот на капитал.

–Со добивање на датум за преговори и со расчистување на ова прашање, очекувам да продолжи позитивниот тренд на пазарот, особено што на почетокот на идната година треба да се официјализира и членството на земјава во НАТО – вели Костадиновски.
Според него, во претходниот период индексот одеше нагоре заради добрите економски резултати на ниво на државава воопшто, добрите резултати на компаниите, но и поради солидните дивиденди кои беа исплатени заклучно со крајот на септември, што ја зголеми ликвидноста на пазарот. Костадиновски очекува дека земјава сепак ќе добие датум и овој поволен берзански тренд ќе продолжи.