Kpиминална продажба на Опалит ДОО Чешиново во 2004 година, ревизија на договорот не е направена и покрај алapмирањето на вработените

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Опалит ДОО Чешиново се занимава со експлоатација и преработка на неметални суровини со намена за цементната индустрија и електрометалургијата. Постои од 1961 година.

Од 2002 до 2004 во повеќе наврати друштвото беше на продажба. И при крајот на 2004 година, наводно се продаде без пари на газдата Тошо Донев – Мачето од Кочани, а во суштина се поклони на СДСМ благодарение на Ратко Христов – Глизавец, претседател на ОО СДСМ за Кочани, а сегашен извршен директор на Опалит ДОО.

Продажбата е извршена преку брокерска куќа од Скопје, иако за тоа тогашните вработени на повеќе наврати барале документација од продажбата до ден ден тоа не е сторено.

Како еден од главните учесници во приватизацијата на Опалит ДОО се јавува Горан Крстев Грга, кој има повеќе камиони за транспорт за фирмата.

Како резултат на приватизацијата од тогашните над 100 вработени, избркани и оставени без работа се 80 луѓе.

Никој никогаш не побарал ревизија на договорот за продажба иако вработените во неколку наврати алармирале на нерегуларности.

И додека штета претрпеле избрканите работници, сега штета трпи и локалниот пат, по кој возат камионите на градоначалникот, често со товар и до 35 тони, со што е оштетен патот, а штета трпат и околните куќи.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This