Mлaдинaтa гo зaгyби paзyмoт: Ocмooддeлeнки вo Србија ѝ ja cкpшилe вилицaтa нa вpcничкa – „ги нepвиpaлa кaкo пojавa“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

14-годишно девојче од Србија минатата недела било претепано од три нејзини врснички, кои ѝ нанеле тешка повреда на вилицата. Жртвата морала да биде примена на Клиниката за максилофацијална хирургија на Стоматолошкиот факултет во Белград, пишуваат српските медиуми.

Девојчето било пресретнато од врсничките, кои одат со неа на училиште, на пат кон дома по часовите, по што ја нападнале, ја клоцале и ја полиле со сок. Поради тешката повреда, жртвата на нападот сега се храни со сламка.

Последниот во низата случаи на врсничко насилство за кои дозна јавноста, се случил во местото Мала Крсна и тој е пријавен до надлежните органи, кои преземаат мерки, пишуваат медиумите.

Моето дете најпрво го провоцирале, а потоа ја чекале по часовите. Една ја сопнала и почнале да ја удираат. Ќерка ми се обидела да побегне, но цело време, триста метри по патот, тие постојано ја шутирале, ја скубеле и ја полевале со сок, вели мајката на жртвата за „Курир“.

Девојчето, раскрвавено и во шок, ѝ раскажало на мајката за бруталниот напад.

Ги прашала девојчињата зошто ја тепаат, а тие ѝ кажале: поради тоа што „ги нервира како појава“ и затоа што „шишките ѝ се распад на системот“. Кога видов дека е во болки и дека е повредена веднаш ја однесов на лекар. Не смее и не може да јаде од болки, може само кашеста храна и на сламка, а и тоа го одбива“, вели С.Д., мајката на нападнатото девојче.

Latest News

Nhà Cái FABET – Một Điểm Đến Uy Tín Cho Cá Cược Bóng Đá

Cá cược bóng đá ngày càng trở nên phổ biến trên toàn thế giới, và việc chọn một nhà...

More Articles Like This