дома Занимливости MАКЕДОНЕЦ РЕКОРДЕР: На автопатот кај Нова Градишка летал со 254км/час!

MАКЕДОНЕЦ РЕКОРДЕР: На автопатот кај Нова Градишка летал со 254км/час!

Македонец рекордер на автопатот А3 кај Нова Градишка во Хрватска.

Во вторникот околу 12:45 часот Македонец кој управувал автомобил со германски регистарски ознаки, возел со рекордни 254 километри на час.

Полицијата успеала да го застане, а притоа му изрекле парична казна и забрана за управување со возило во траење од еден месец, пренесува “N1” телевизија.

Oграничувањето на овој автопат е 130 км/час.