Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на вчерашниот брифинг со новинарите имаше нови детали за набавката на противпожарната скала која ја набави Град Скопје.
-Двоен скандал. Фирмата „Армор плус“ има двајца сопственици, едниот е Димитар Петревски, а другиот е фирмата „Пастор“.
Петревски е зет за сестра на генералниот секеретар на Град Скопје. Во последните 4 години, фирмата добила скоро 4 милиони евра за тендери, истакна Мицксоки.
Тој додаде дека лицето кое ја направило спецификацијата за набавката се чува во тајност.
-Се чува во тајност и лицето од Град Скопје кое ја направило спецификацијата. Проверивме и во Град Загреб. ДДВ е вклучено и во цената за Загреб. Скалата е од ист производител, и таа скала има стабилизатор, мора да го има тоа, тоа е сериска опрема. Истата опрема ја имаат двете, нашата има само поголема пумпа за влечење вода.
Фактот дека зетот на најблискиот соработник на Шилегов ќе добие одреден процент набавката, од цената. И за транспортните услуги ќе платиме 80.000 евра, истакна Мицкоски, објавувајќи и документ за сопствеништвото на фирмата „Армор плус“.
Покpaj оваа скандалозна набаква компанијата Армор Плус учестувала и во тендер за набавка на тренерки и патики за потребите на министерството за одбрана.
Она што е интересно е што набавката на патики и тренерки за министерството чини неверојатни 865 илјади евра.
Набавката погледнете ја на следниот линк.