Mитовски за новите градоначалници: Значи, кога се сака се може, еве што направија Арсовска, Ѓорѓиевски и Јакимовски за само еден месец

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски обезбедил компјутер за секој наставник – 221 компјутер. Исчистил 10-15 диви депонии, направил неколку паркови, три детски игралишта, почнал со проекти за нови паркинзи, улици, градинки и противпожарна станица, амбуланта. Започна со кампања „Моја земја, мој дом“ со која решава децениски проблеми на жителите на Кисела Вода. И уште многу…

Стевчо Јакимовски во Карпош до сега вратил три милиони евра долгови, и планира до март да ја деблокира општината за да почне да работи. Реваншизам нема, општината повторно е чиста, веќе се завршени десетина проекти од ветените во програмата.

Данела Арсовска, заштеди преку 70 милиони евра на скопјани, исчисти 120 депонии, организираше зимска служба за да не нѐ изненади снегот, потпиша колективен договор со пожарникарите, отвори 24 часовна административна поддршка за граѓаните, ја намали цената на паркинзите, започна со имплементација за пристапни рампи во сите институции за лицата со попреченост да не се чувствуваат дискриминирани, стана основач на Б40 мрежа на Балкански главни градови, ЕКСПРЕСНО го заврши булеварот Киро Глигоров (кој го блокираше сообраќајот во Скопје поради недомаќинското работење на Петре), бесплатно го украси градот.

Се ова, за нешто повеќе од 30 дена. ЗА ЕДЕН МЕСЕЦ!

Значи, кога се сака се може.

Но, само да потсетам. Ќе ги броиме и неостварените, а ветени проекти. Но за тоа по 100-те дена, пишува на Фејсубк уредникот на Инфомакс, Александар Митовски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This