дома Македонија Mицкоски му одговори на Рикер: За мeне Преспанскиот не е завршена работа

Mицкоски му одговори на Рикер: За мeне Преспанскиот не е завршена работа

Не може да е завршен Преспанскиот договор, а ние да сме најкорумпираната и најкриминалната држава во Европа и тоа на 111-то место сме. Не може да е завршен Преспанскиот договор бидејќи не сме земја членка на ЕУ. Не може додека постои ВМРО-ДПМНЕ да е завршен Преспанскиот договор, истакна Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисјата „Заспиј ако можеш“ на Алфа.

Тој додаде дека сè додека е на чело на партијата, Преспанскиот договор нема да биде завршена работа.

– Не може да му се дозволи тој што го поддржува договорот да му дадете право да краде. Не може вие да имате двојни стандарди, ако е некој пропреспа тогаш да му дадете дозвола за убивање, да прави што сака, да краде, да нема реформи, да лаже. Не може. Тоа не го прифаќам – рече Мицкоски.

Лидерот на најголемата опозициска партија во земјава посочи дека тоа е не е дел од неговите вредности.

– Во Македонија не треба да имаме криминалци во политиката, корумпирани политичари. Во Македонија мора да владее законот и да има реформи – истакна Мицкоски.

Ваквата реакција доаѓа откако помошник-државниот секретар на САД за Европа и Евроазија, Филип Рикер истакана Договорот од Преспа е завршена работа. и

-Ние овде, многумина од меѓународната заедница, дојдовме во Охрид за да ја прославиме и истакнеме важноста на Преспа и што претставува тоа. Направи значајни разлика, не само со тоа што отстрани препреки на патот, туку што овозможи да се зголеми соработката во регионот, придонесе за енергетска сигурност, за трговија, за инвестиции. Ова е уште едно долго поглавје, но со големи можности. Само погледнете ги одличните односи меѓу Северна Македонија и Грција кои се развија во сите сфери, од одбраната и безбедноста, како сојузници, до економските можности. Тоа ќе станува уште поважно како излегуваме од ковид, фокусирајќи се на економското закрепнување, фокусирајќи се на ланците на снабдување, на отпорноста. Тоа е иднината. Да се напредува и да не се гледа назад. Да се работи заедно. Не станува збор за партиски позиции и идеологии туку придвижување на земјата напред заедно, изјави Рикер за 360.