дома Македонија Maкедонија веќе има koлективен имyнитeт? – Пановски очекува миpнa есен

Maкедонија веќе има koлективен имyнитeт? – Пановски очекува миpнa есен

Педесет проценти од граѓаните би биле вакцинирани до почеток на август, а 70 отсто до крајот на годинава, ако имунизацијата се одвива со исто темпо како и досега, вели Никола Пановски.

Според него, земјава веќе има стекнато колективен имунитет, ако во предвид освен вакцинираните, се земат и оние граѓани кои го прележале вирусот.

-Очекувам да имаме мирна есен, без голем број заразени и смртни случаи од вирусот – рече Пановски на Сител, апелирајќи граѓаните да се вакцинираат, бидејќи, како што истакна, само така може да се победи пандемијата.