Maкедониja иcчeзнyва: На вpвoт cмe во Европа по иceлyвање на млади

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пандемијата со корона вирусот не ги спречи младите да ја напуштаат Македонија. По одливот на млади лица кои имаат стручна подготовка во одредени области, Македонија е рангирана на трето место во Европа.

За ова јавува Радио Слободна Европа на албански јазик, повикувајќи се на листа објавен од Економист.

Гуѕим Нухиу, активист за младински права, вели дека пандемијата на корона вирусот, односно изолацијата ја подигнала свеста кај младите дека системот во Македонија не им нуди многу можности за да станат финансиски независни од своите родители.

Врз основа на статистичките податоци што излегоа од синдикатите, најголем број од лицата кои ја изгубиле својата работа припаѓаат на возрасната група под 29 години. Овој факт зборува многу, но и фактот дека младите луѓе за време на пандемијата не можеа да најдат работа додека повеќето млади сè уште живеат со своите семејства. Ова покажува дека младите луѓе во Македонија не успеваат да се осамостојат, значи главно зависат од нивните семејства“, вели Нухиу.

Ова ги тера младите, додава тој, како единствена можност за осамостојување, да гледаат на напуштање на земјата, и селење во земји каде што можат да обезбедат доволно приходи за да си обезбедат живот за себе.

Во меѓувреме, претседателката на Младинскиот форум за образование, Стефанија Спировска во интервју за Радио Слободна Европа како една од причините за иселувањето на младите го гледа образовниот процес. Таа нагласува дека образовниот систем во Македонија не ги исполнува барањата на пазарот на трудот, па затоа младите ја гледаат можноста во странство, каде и може да се специјализираат во одредени области.

Најновите истражувања на младинските организации покажуваат дека повеќе од половина од младите ја гледаат својата перспектива надвор од Македонија, додека третина од младите преземаат конкретни активности за заминување земја.

Овие бројки ги потврди и истражување на јавното мислење кое за емисијата Детектор, пред неколку месеци, го спроведе Институтот за политички истражувања. Според него, близу 33% од македонските граѓани размислуваат за иселување, а дури 52% од младите кои имаат помалку од 29 години рекле дека кројат планови да ја напуштат државата. Анкетата покала дека за помалку од 6 месеци, бројот на граѓани кои размислуваат за иселување се зголемил за близу 4 процентни поени.

Инаку, актуелниот премиер на Македонија, Зоран Заев, во времето кога беше во опозиција, ветуваше дека кога тој ќе дојде на власт ќе го запре иселувањето на младите, и не само тоа , туку и дека ќе ги враќа и тие кои што веќе ја напуштиле државата. За време на изборната кампања од 2016 година, во програмата на СДСМ, „Планот за живот“ во Македонија, Заев ветуваше дека ќе создадат услови за млади да останат во Македонија, тука да ја гледаат својата иднина и тука да формираат семејства.

Зоран Заев веќе го почна својот втор премиерски мандат, а Македонија се соочува со масовен одлив на млади лица, така што се најде на третото, високо место во Евро, по иселулање на младите.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This