Во групата „Купи продај – огласник“ на „Фејсбук“, корисникот Бани Рамадани нуди за продажба две тукушто родени мечиња.
Покрај тоа што мечките се трајно заштитен дивеч со Законот за Ловство од1996 година и новиот од 2009 година, сепак, некој без проблем ги огласува на интернет, дури и оставајќи свој мобилен телефон.
Толку млади мечки не може да се најдат сами, без до нив да е нивната мајка, која најверојатно е убиена.