дома КОВИД-19 (Коронавирус) Maлкy дa нe пpeтepaa?: Ceдyмднeвeн кapaнтин вo Hoв 3eланд пopaди eдeн Koвид-19...

Maлкy дa нe пpeтepaa?: Ceдyмднeвeн кapaнтин вo Hoв 3eланд пopaди eдeн Koвид-19 cлyчaj

Премиерот на Нов Зеланд, Јасинда Ардерн, најави дека од утре ќе се воведе седумдневна блокада во најголемиот град Оuкленд, со два милиони жители, поради појава на еден случај на Kовид-19 од непознато потекло .

Остатокот од земјата ќе биде под режим на ограничувања од втота категорија, што, меѓу другото, забранува јавни собири, објави Ардерн, пренесе Ројтерс.

Оукленд веќе беше под тридневна итна ограничувачка мерка во средината на февруари, бидејќи присуството на британскиот вид на коронавирусот, кој се шири побрзо, беше потврдено во тричлено семејство, пренесува Танјуг.