дома Хроника Maлолетник со мопед yдpил во пешаци, повpeдени две лица

Maлолетник со мопед yдpил во пешаци, повpeдени две лица

На 13.05.2021 во 22.20 часот во СВР Штип било пријавено дека на крстосница од ул.„Железничка“ со ул.„Гоце Делчев“ во Штип, мопед „априлиа“, со штипски регистарски ознаки, управуван од 17 – годишен малолетник од с.Стар Караорман, штипско, каде сопатник бил уште еден малолетник, удрил во пешаците А.К.(21) и Р.М.(21), двете од Штип. Во незгодата Р.М. се здобила со тешки телесни повреди, а А.К. се здобила со телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Штип. За настанот бил известен Јавен обвинител, а увид на местото на незгодата извршила увидна екипа од СВР Штип.