дома Актуелно Maндиќ: Бaшaнoвиќ ypгираше кај 3aeв да не одам во пpитвop, 3aeв му...

Maндиќ: Бaшaнoвиќ ypгираше кај 3aeв да не одам во пpитвop, 3aeв му рече „Ќe видaм што можaм да напpaвам“

Јасна Мандиќ, обвинета во „Меѓународен сојуз“ на денешното судско рочиште на кое обвинителството читаше вибер-комуникација од нејзиниот телефон, за една од нив кажа дека не е нејзина, туку препратена комуникација од премиерот Зоран Заев и од поранешниот негов советник Зоран Башановиќ, кој наводно брка врски за неа да не оди во притвор.

Обвинителката Милица Гаврилова немаше коментар.

Во вибер-комуникацијата, Башановиќ му вика на Заев да види ако може Јасна да не оди во притвор, а Заев му вели: „Знаеш дека тоа зависи од обвинителството и од судот. Ќе видам што можам да направам”.

Мандиќ доби куќен притвор, а обвинителката Вилма Русковска тогаш појасни дека ваквата мерка за Мандиќ е поради тоа дека има дете со здравствени проблеми.