дома Актуелно Macовни пpoтести и блokaда на државата, опозицијата излегува на улица

Macовни пpoтести и блokaда на државата, опозицијата излегува на улица

ВМРО-ДПМНЕ од утре почнува со протести и блокади низ цела Македонија, почнувајќи со Скопје и уште 10 други градови од внатрешноста, дознава Инфомакс.мк пред почетокот на закажаниот брифинг со лидерот на партијата Христијан Мицкоски.

Според информациите од партијата, протестите ќе започнат од утре, а ќе траат цело лето, односно до конечно „ослободување на Македонија од режимот на Заев“.

Од партијата додаваат дека ги повикуваат сите политички и општествени чинители без исклучок да се приклучат на протестите.

Блокадите ќе бидат на три крстосници во Скопје и тоа кај Мавровка, Нова Македонија и Собранието на Р.Македонија од 15.00 до 17.00 часот.

Мицкоски најави дека протестите ќе траат се додека Зоран Заев не го објави документот од тајните преговори со Бугарија на увид пред Македонскиот народ со кој се прифаќаат сите барања од Декларацијата на бугарскиот парламент.

„Трпението веќе е при крај“ – најави Мицкоски.