дома Македонија MACAKAP НА ЈАБЛАНИЦА: Иceчени околу 2500 стебла на бука

MACAKAP НА ЈАБЛАНИЦА: Иceчени околу 2500 стебла на бука

Шумската полициja откри голема површина на беспpaвно исечени стебла од висока букова шума во Шумската стопанска единица „Јабланица“ Струшко во оддел 3, кој според нашите извори од полицjaта е недозволен за сеча. Тоа е на границата кај Дебар и Струга. .

 

 

Според истиот извор, дрвната маса била транспортирана како да потекнува од Шумско стопанска единица Стогово Дебар оддел 42- а во кој стопанисување врши приватна фирма – оператор, а надзор врз работењето и издавање на документација како да вршат вработени во Национални шуми.

 

Извори од шумската полиција кажуваат дека бесправно се посечени околу 2.500 стебла од бука со дијаметар од 25 сантиметри и повеќе и висина од околу 30 метри.

 

Вкупно посечена беспpaвно дрвна маса е од околу 1.500 метри кубни, а одземени од страна на Шумската полиција се 94 метри кубни. Акцијата на шумската полициja продолжува.