дома Свет Macakpирани над 110 цивили во напaд во североисточна Нигерија

Macakpирани над 110 цивили во напaд во североисточна Нигерија

Обединетите нации денеска соопштија дека најмалку 110 цивили се убиени викендов во „брутален“ напад во североистоична Нигерија, јави ДПА.

-Вооружени мажи со мотоцикли убиле мажи и жени во Кошобе и околните области, во државата Борно, додека работеле на жетва, изјави Едвард Калон, координатор за хуманитарни работи на ОН во Нигерија. Засега непознат број други цивили се ранети во нападот и има извештаи за голем број киднапирања, додаде Калон, пренесен од германската агенција.

-Инцидентот е најбруталниот директен напад врз невини цивили годинава, рече Калон. Ниту една група засега не ја презеде одговорноста за масакрот, но вооружената група Боко Харам и нејзината фракција „Исламска држава во провинцијата Западна Африка“ (ИСВАП) во последните неколку години изведоа серија терористички напади во оваа област, пренесе ДПА.