дома Европа Mepкитe вo Италија пoвтopнo ce зaocтpyвaaт: Ce зaтвopaaт pecтopaнитe, пpoдaвницитe и yчилиштaтa

Mepкитe вo Италија пoвтopнo ce зaocтpyвaaт: Ce зaтвopaaт pecтopaнитe, пpoдaвницитe и yчилиштaтa

Продавниците, рестораните и училиштата во поголем дел од Италија од понеделник ќе бидат затворени поради опасност од нов бран на епидемија на коронавирусот.

Од жителите се бара да останат дома, освен ако не мораат да одат на работа, на лекар или да излезат надвор поради некоја друга итна причина, јави Би-Би-Си.

Новите мерки ќе важат до Велигден, кој оваа година паѓа во првата недела од април за верниците кои го слават според грегоријанскиот календар.

Кабинетот на италијанскиот премиер Марио Драги соопшти дека од 3 до 5 април, кога паѓа Велигден, целата земја ќе биде прогласена за „црвена зона” со висок ризик и оти сè ќе биде затворено.

– Јасно ми е дека ова ќе има последици врз образованието на вашите деца, врз економијата и менталното здравје на сите, но потребно е да се избегне влошување на состојбата и уште построги мерки – изјави Драги.

Бројот на заразени лица во Италија повторно нагло расте, а вакцинацијата, како и секаде во Европската унија, забави.