Moзoчниoт yдap e нoв cимптoм нa Koвид-19 кaj млaдитe пaциeнти?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Мозочниот удар може да биде прв симптом на Kовид-19 кај младите пациенти, покажува новото канадско истражување.

Мозочните удари се појавуваат релативно често помеѓу пациентите со коронавирус и имаат тенденција на разорни последици, според оваа студија која проценува дека речиси секој петти пациент примен во болница со ковид-19 доживува мозочен удар.

Студијата објавена минатата недела во магазинот „Неврологија“, медицинско списание на Американската академија за неврологија, открила дека стапката на смртност кај пациентите со ковид-19 кои имаат и мозочен удар е „исклучително висока“.

Истражувачите откриле дека околу 1,8 отсто од пациентите со ковид-19 доживуваат мозочен удар или кога ќе ги примат во болница или непосредно пред тоа.

– Тоа е цифра која можеби се чини мала, но се претвора во голем број случаи, со оглед на тоа дека милиони луѓе ширум светот се хоспитализирани со таа болест. Тоа е всушност многу голем број. За споредба, само 0,2 отсто од пациентите со грип примени во болница доживуваат мозочен удар, додека 0,75 од пациентите кои се хоспитализирани со SARS-CoV-2 вирусот кој предизвикува САРС, имале мозочен удар – објаснува еден од авторите на студијата, невролог Лучијано Спозато.

Истражувачите исто така откриле дека кај приближно половина од пациентите помлади од 50 години, мозочниот удар им бил прв симптом на ковид-19.

– Тоа значи дека биле целосно асипмтоматски случаи, пред да бидат примени – додава неврологот.
Истражувачите откриле и дека од 35 до 45 отсто од пациентите со ковид-19 со мозочен удар умреле за време на престојот во болницата.

Истражувачите анализирале 125 случаи, како и 35 дополнителни необјавени случаи. Меѓу пациентите во студијата, сите имале ризичен фактор, како дебелина, хипертензија или дијабетес, а 97 отсто имале тешка форма на ковид-19.

Ова ги навело истражувачите да заклучат дека повеќето пациенти со ковид-19 кои доживеале мозочен удар, најверојатно умираат поради тежината на таа болест, а не поради мозочниот удар.

– Веруваме дека постои интеракција помеѓу коронавирусот и мозочниот удар што допрва треба да се опише – рече д-р Адам Дмитрив, радиолог и клиничар за неврорадиологија и невроинтевенција.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This