дома Автомобилизам Nissan X-trail: Покрај новиот дизајн, сега и со електричен погон

Nissan X-trail: Покрај новиот дизајн, сега и со електричен погон

После Juke и Qashqai, Nissan ја претстави и новата генерација на X-Trail. На дизајнерско поле не донесува некои изненадувања, бидејќи неговата американска верзија Rogue е присутна на пазарот од лани. Но од неа сепак многу се разликува во хибридната група означена како e-Power. Системот е истиот како и во Qashqai и се темели на 1,5 литарски бензински мотор со 154 коњски сили кој работи само како генератор за струја.

Погонската сила ја дава електромоторот од 188 коњски сили, кој единствено го задвижува возилото. Ваквото решение овозможува софистицирано возење со солидни перформанси и висока економичност, без потреба од полнење на батериите. Како и претходните генерации на X-Trail, и оваа е наменета за купувачи со семејни потреби заради што акцентот е ставен на комфорот и практичноста. Задржан е третиот ред седишта кој се склопува во багажникот, а основната изведба ќе има погон само на предните тркала. Почетокот на продажбата во Европа е предвиден за средината на идната 2022 година.