дома Хроника Oбвинитeлcтвoтo co дeтaли зa тpaгичнaтa cmpт нa ocyмгoдишнoтo дeтe вo Неготино

Oбвинитeлcтвoтo co дeтaли зa тpaгичнaтa cmpт нa ocyмгoдишнoтo дeтe вo Неготино

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци извршил увид на местото на кое починало осумгодишно дете вчера во Неготино.

Според сознанијата добиени на лице место, осумгодишното дете по завршување на училишниот ден, било оставено на чување кај роднини. Заедно со уште четири други деца седеле на ѕид со висина од околу 70 сантиметри на еден од дворовите и разговарале. Во близина биле и неколкумина возрасни. Во еден момент детето се пожалило дека му е лошо, по што паднало од ѕидот. Возрасните го пренеле во болница, каде и покрај обидите за реанимација била констатирана смрт. Од извршениот увид на лице место и разговорите со сите сведоци на настанот, не произлезе никакво сомнение дека смртта е резултат на кривично дело. Родителите на детето исто така во разговор со јавниот обвинител изјавиле дека не се сомневаат оти причината за смрт би можела да биде кривично дело, велат од Службата за односи со јавноста​ при Републичкото јавно обвинителство.