дома Македонија Oдлично прашање: Што бара новиот прилепски автобус од 250.000 евра во Скопје?

Oдлично прашање: Што бара новиот прилепски автобус од 250.000 евра во Скопје?

Читател ни испрати фотографии од еден од новите прилепски автобуси за јавен градски превоз забележат на патарината пред Скопје, пренесува Маркукуле.

Овој автобус е еден од четирите кои за вредност близу од 1 милион евра ги набави Јавното претпријатие за просторно и урбанистичко планирање при Општина Прилеп.

Останува нејасно што бара автобус од прилепскиот јавен градски превоз во Скопје. Дали автобусот е однесен на сервисирање и дали има некој дефект?

Инаку набавката на овие автобуси ги следеа низа контроверзии и сомнежи на кои реагираше опозициската ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп, од каде посочуваа дека за набавката на автобусите не бил објавен меѓународен тендер.