дома КОВИД-19 (Коронавирус) Oд денеска нема веќе полициски час, од утре отвораат и терасите на...

Oд денеска нема веќе полициски час, од утре отвораат и терасите на кафулињата и кафаните

Со одлука на Владата од денеска веќе не важи забраната за движење на граѓаните, односно полицискиот час се укинува. Вчера поминаа точно три месеци од првиот случај на заразен македонски граѓанин од коронавирусот. Надлежните органи проценуваат дека епидемијата во Македонија е веќе под контрола.

Од утре отвораат и угостителските објекти. Тие же можат да примат гости на отворениот дел од нивниот објект и строго да ги почитуваат протоколите за работа. Се подготвуваат нови протоколи за работа за затворениот дел од угостителските објекти.

И во однос на отворање на границите, Владата побара од Комисијата за заразни болести да подготви протокол за влез и излез на македонските граѓани од државата. Земјите од соседството ќе направат заедничка оценка кога да се пристапи кон овој чекор.

Од понеделник на работа се враќаат и административците кои до сега работеа од дома.