дома КОВИД-19 (Коронавирус) Oткaжaн мeмopиjaлниот нaстaн зa одбeлeжувaњe нa 11 Сeптeмври вo САД

Oткaжaн мeмopиjaлниот нaстaн зa одбeлeжувaњe нa 11 Сeптeмври вo САД

Инсталацијата што прави два столба од светлина што ги симболизираат Кулите-близначки на Светскиот трговски центар, го осветлуваше Њу Јорк секоја година на 11-ти Септември за да се одбележи ужасната трагедија од 2001 година во која што животот го изгубија околу 3,000 луѓе.

Меморијалниот „Tribute of Light“ што оддава почит на жртвите во терористичките напади од 11 септември ќе биде одкажан оваа година поради КОВИД-19, изјавија од музејот кој е одговорен за местење на инсталацијата.

Музејот предложил друго решение – oваа година ќе ги осветлат другите облакодери во градот кој се сметаат како обележја во сина боја.

САД се моментално први во светот по заразеност и смртност од корона вирусот, со над 5 милиони пријавени случаи на заболени и над 160,000 смртни случаи.