дома Европа Oчитe впepeни вo Путин: Рускиот пpeтceдaтeл дoнеce oдлyкa oд кoja ќe зaвиcи...

Oчитe впepeни вo Путин: Рускиот пpeтceдaтeл дoнеce oдлyкa oд кoja ќe зaвиcи cyдбинaтa нa cвeтoт

Претседателот на Русија Владимир Путин поднесе во Државниот парламент нацрт закон за раскинување на Договотот со отвореното небо од страна на Русија.

Документот е внесен во вторникот во базата на податоци на долниот дом на парламентот и бил испратен до претседателот.

Руската влада на 5. мај одлучи да го одобри и да го поднесе на шефот на државата предлогот за раскинување на Договорот.

Министерството за надворешни работи објави на 15. јануари дека ќе започне процедура за Договорот. Министерството истакнало дка откако САД го повлекле договорот „значајно е нарушена рамнотежата на државите- учеснички во Договорот.

Договорот за отвореното небо беше една од мерките за градење на довербата во Европа по Студената војна кој овозможи на 34 држави да потпишат отворено собирање на информации за меѓусебната воена сила и воените активнсти.

Постапката за повлекување на Соединетите држави од Договорот за отворено небо започна на 22 мај 2020 година, а заврши на 22 ноември.

Извор: srbijadanas.com